Радио Милева многу (изма)чувана...

Емилија Розман има проблем со својот „ангел – чувар“… ја чува само од она што не треба!? (ФОТО)

Емилија Розман има проблем со својот „ангел – чувар“… ја чува само од она што не треба!? (ФОТО)

Убава, атрактивна, „згодна-неопходна“, привлечна, пожелна, секси… А и како не би била кога се вика Емилија Розман и е манекенка, мисица, топ модел… Што по дифолт  би требало да значи дека ако не повеќе барем пристојно заработува, забавно и е во животот, а љубовниот и сексуалниот живот и се исполнети како женски куфер за на годишен одмор!

Арно ама, по се изгледа дека не е баш така… Навидум задовол(е)на, госоѓица Розмантична е сепак апатична. Затоа и сподели симпатична поплака на приказните од својот Инстаграм. А се пожали од својот „ангел чувар“, со кого убавицата има проблем… Зашто ја чува и тоа ептен ја чува… Ама само од она што не треба! Од секс и од пари… Така барем вели Розман!

Е сега, дали е баш така, допрва ќе утврдиме. Кога сме кај парите, убавата Емилија покрај сите манекенски обврски има и свој бизнис. „Бутик за декорации“… Од свадби, до сите можни видови на прослави и јубилеи… Цветни аранжмани, декорации, укарасување, пакување… И се’ друго што треба за да ги разубави нечиите незборавни моменти. А тоа не оди баш гратис, што значи дека за пари… Емилија попусто се жали!

За  сексот тешко е да се каже… Тука само таа и „ангелот – чувар“ знаат како стојат работите. Гледајќи ја ваква каква што е, речиси сме убедени дека знае „ангелчето да го фати на спиење“, па да да му побегне, барем понекогаш.

Сепак, заради рамнотежа, како и сите ние,  и таа на едното рамо има „ангел чувар“, а на другото и клечи „малото ѓаволче“.

Впрочем Розман еднаш самата призна дека обете и шепкаат што да прави, само што… Таа е „глува“ не едното уво! На кое? Зависи… Кога како!?

To top