Една од нашите познати манекенки Емилија Розман деновиве престојува во Софија- Бугарија поради ангажман на модната недела која моментално се одржува.
Таа досега настапи како манекенка за неколку модни имиња и брендови, а се појави во впечатливи креации кои ја истакнаа нејзината убавина и згодно тело.
Изминатиот период убавата Емилија беше доста активна кога се во прашање модни ангажмани, а ова е уште еден значаен настан каде Розман уште еднаш му покажа на регионот и светот за убавината на македонското девојче.
фото:инстаграм