Радио Милева да не знаеш кај да гледаш?

Емилија Розман доби „(не)пристоен предлог“ или необичен подарок… па го покажа, на необичен начин! (ФОТО)

Емилија Розман доби „(не)пристоен предлог“ или необичен подарок… па го покажа, на необичен начин! (ФОТО)

Македонската мисица, манекенка и топ модел Емилија Розман изгледа како сирена. Тоа оддамна го има покажано и докажано. Ама сега покажа и нешто друго: колку е сакана и обожувана!

Имено, убавата Емилија доби необичен подарок, па се пофали со него. И тоа на необичен начин. Цртежот на кој е нацртана девојка во бикини како лежи на плажа, веројатно ја преставува неа. А покрај него порака, во вид на предлог: „Побарај ме“ и иницијали до неа!?

И ако погледнете на прва веднаш ќе забележите две нешта: Едни ќе помислат дека се работи за „(не)пристоен предлог“ или за некој што на симпатичен начин сакал да и пријде и да се запознае со згодната мисица, додекаа другите пак, веднаш ќе сфатат дека се работи за пријателски подарок создаден од љубов и даруван од срце за драгата личност. Особено што авторот на „уметничкото дело“ е личност од понежниот пол… Иако тоа денес, во овие „модерни“ времиња, ништо не значи!

И додека едни гледаа во постираниот цртеж и нагаѓаа за што се работи и од кого, другите, особено претставниците на посилниот пол, повеќе гледаа во позадината на цртежот,  на која и тоа како има што да се види!

А како и не би, кога убавите, тенки и долги нозе се еден од заштитните телесни атрибути на манекенката… Покрај сето останато се разбира, со кое располага долгоногата убавица, од цртежот на нејзината сакана пријателка!

To top