Радио Милева Мрак на очи...

Емилија Розман доби „електрошок“ на своја сметка: „Сите што ме знаат, знаат дека не пцујам, ама… E*Н све да ви е*ам, кој не отвори дуќан во Арачиново, Емилија да не се викам“! (ФОТО)

Емилија Розман доби „електрошок“ на своја сметка: „Сите што ме знаат, знаат дека не пцујам, ама… E*Н све да ви е*ам, кој не отвори дуќан во Арачиново, Емилија да не се викам“! (ФОТО)

Емилија Розман, на пошироката јавност позната како македонска мисица, манекенка, модел, дипломиран дефектолог на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, а во меѓувреме го доби и епитетот „најубавата цвеќарка“,откако стана горда сопственичка  на своите продавници за подароци, свечена декорација, украси и цвеќе.

Можеби во љубовта не и „цветаа рози“, ама затоа бизнисот и тоа како и цветаше, па дури и во времето на пандемјата, па Емилија ја прошири својата дејност, од една на уште неколку нови локации…

Деновиве г-ѓица Розмантична доби идеја да отвори нова цвеќарница и гифт продавница на позната локација, толку споменувана, прозивана по медиумите и социјалните мрежи споделувана… Едно од „најславните“ села  во околината на Скопје, познато по многу чудни нешта, феномени кои само таму е можно да се случат! Мотивот за идејата на убавата цвеќарка уште почуден… Или поточно –  шокантен!

Имено, Емилија Розман доби „електрошок“ на своја сметка, откако истата во вид на фактура за „наводно“ потрошена електрична енергија за месец август во еден од нејзините дуќани  ЕВН и ја испорача!

Иако е позната потоа што можеби секогаш не е баш „најприземна“ во одлуките, сепак мисицата е уште попозната како мошне културна и воспитана девојка, која бира зборови пред нешто да каже или јавно да соопшти. Овој пат очигледно „шокирана“, видно изнервирана и извадена од штекер, „пикантно“ ја поздрави  енергетската компанија со „сочни зборови“, срочени во едно постирано писание:

„Сите што ме знаат, знаат дека никогаш не пцујам, ама ЕВН, ооо00… све да ви е*ам бе дали остна некој нормален од циркузов од државичкава? Две сијалици и една клима во дуќанот вакви сметки бе, леле бе, супер бизнис идеја ми дадовте, кој не отвори  дуќан во Арачиново, Емилија да не се викам, да ме плукнете ако не го направам тоа и ќе ве др*ам во здрав мозок… и.т.н.“ – им порача Розман на која веројатно „и се споиле жичките“ откако „и паднал мрак на очи“  кога ја видела испоставената фактура за струја од 9148.00 денари среде август, за само една клима која не работи 24/7  во дуќанот и две лед светилки!

Ќе и помогнат ли на Розман клетвите со ЕВН да ги „израмни сметките“ и дали во Арачиново наскоро ќе осамне нова  продавница за подароци со цвеќарница, останува недоумица?! Само, како тргнало ова со сметките, да не се случи да ги затвори и оние постоечките!?

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/rozmanticna

 

To top