Таа важи за една од најубавите девојки во Македонија, барем кога се јавните личности во прашање. Впрочем, не попусто е манекенка, топ модел и мисица која освоила безброј домашни и меѓународни награди, признанија, ленти, дијадеми…
Но, во исто време Емилија Розман која важи и за една од најскромните девојки во шоу-бизнисот, ако тој во Македонија воопшто така може да се нарече, отсега е и една од наједуцираните манекенки.
Имено, убавата Емили неодамна дипломираше на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Но и покрај сите пофалби и честитки кои ги доби за дипломирањето, при овој свечен чин Емилија не заборави на една многу важна работа… Не заборави дека ќе беше многу посреќна, а чинот многу посвечен да беше покрај неа тука и тој… нејзиниот неодамна починат татко, Дамир. Затоа во тие мигови на поделена радост и тага, на среќа и празнина во душата Емилија се реши на потег кој ретко кој го направил: Јавно да му се заблагодари и на еден начин да му ја посвети дипломата на татка си!
„ЗА ТЕБЕ ТАТО. Дипломиран дефектолог на Институтот за дефектологија односно специјална едукација и рехабилитација при Филозофски Факултет. Се надевам дека гледаш од некаде и се смееш. Те сакам“ – напиша таа во постот покрај фотографијата на која се гледа како овој свечен чин го посветува во спомен на нејзиниот покоен татко, на нејзиниот Дамир!