Радио Милева Молба за желба

Емилија Розман даруваше крв за 26 јули, па побара соседите да ја „поздрават и почестат“ со „Литар крв“… во песна! (ФОТО)

Емилија Розман даруваше крв за 26 јули, па побара соседите да ја „поздрават и почестат“ со „Литар крв“… во песна! (ФОТО)

Македонската манекенка, мисица и топ модел Емилија Розман покажа на дело не само дека е убава туку и хумана. Имено, таа постапките на својот покоен татко Дамир, кој беше долгогодишен крводарител, на 26 јули, при одблежувањето на 55 годишнината и сеќавањето на скопската катастрофа, на традиционалната крводарителска акција во организација на Црвениот крст на Македонија, доброволно даруваше крв!

За Скопје со ЉУБОВ! Скопје се сеќава! 1963 Скопје град на светската солидарност . Мило ми е да кажам дека ова е мојата 10-та донација и воедно да Ве замолам да го направите Вие истото! Донирајте крв, спасете нечиј живот“! – напиша хуманата убавица на социјалните мрежи, постирајќи ја фотографијата од тој донаторски чин.

Арно ама, откако убавата Емили се прибра дома, вечерта никако да заспие. Нееее… не заради крводарувањето, туку заради турбофолк галамата што ја правеа момчињата од соседството. Журката на подолните катови со гласна музика од репертоарот на Цеца, ќерка и Анастасија, Аца Лукас, Ацо Пејовиќ…

„Совршен пар“ до себе немаше за да и раскажува приказни за пред спиење, облачно и врнежливо – беше, ама без „Лепи громе мој“, за среќа, а таа не беше облечена за спиење „Во неговата маичка“, иако се’ и се „Манта“ -ше в глава…

И Розманка веќе тоа не можеше да го поднесе, па им се обрати на комшиите. И тоа писмено… На Инстаграм, со статус кој содржи молба за исполнување желба!

Дали молбата беше услишена, а желбата исполнета и дали Розман набргу заспа…? Останува да дознаеме најбргу што можеме, а за пивото и „Литрото крв“?  Цеца и Ацо Пејовиќ ионака наскоро ќе доаѓаат на концерт кај нас, а пивото најдобро оди секако со неговата „Литар крви“  или нејзината „Кад би био рањен – крви би ти дала“… Се разбира,  во малку поинаков амбиент од оној домашниот, за пред спиење!

To top