Радио Милева пожелна

Емилија Димитриевска без ништо на себе во проѕирна венчаница: Вака изгледа невеста во старт спремна за првата брачна ноќ (ФОТО)

Емилија Димитриевска без ништо на себе во проѕирна венчаница: Вака изгледа невеста во старт спремна за првата брачна ноќ (ФОТО)

Иако не и е прв пат да облече венчаница како модел, таа објави фографија во проѕирен свадбен фустан кој ги заскокотка мечтите на идните невести, особено на идните младоженци, а Бога ми и на оние кои на свадба се дојдени само како… обични сватови. А како и не би, кога со сиот свој еротски набој, привлечност и сексапил, расната Емилија Димитриевска покажа како изгледа невеста во старт подготвена за првата брачна ноќ!

Манекенката, мисица и топ модел Емилија Димитриевска беше и една од оние кои изгледаа нажешко, најпожелно, најсекси… Некои велат – најразголената невеста на годинешниот саем за венчавки.

Жешката, „секси убавица со челична тупаница“ – како што ја нарекуваат, заради тоа што таа тренира бокс, нема само храброст во рингот, туку и храброст на модната писта да се појави во прилично слободни изданија!

Сличен модел кој покажува се’, а сепак ништо не открива згодната Емилија носеше и во Анталија – Турција, каде со посредство и организација на Модното студио Црнокрак, учествуваше на изборот за убавина „Мис туризам Евроазија 2018“ и ја понесе титулата „Топ 10 најубави“.

Бујната македонска убавица облечена во провокативниот модел на модната дизајнерка Ива Спасовска, тогаш ги собра сите погледи на присутните, а фоторепортерите се туркаа пред пистата, кој да направи подобра фотографија.

Бујната несудена невеста, освен по храбрите модели на венчаници што ги носи…

…стана позната и по храбрите разголени фотосесии, кои раскошната Емилија ја ставаат во редот на најсексапилните, најпривлечни и најпожелни Македонки… кандидатки за идни невести!

 

To top