Со последната објавена фотографија за својата нова колекција костими за капење, Емили Ратајковски ја заскокотка имагинацијата на своите обожаватели.
Манекенката ја објавила сензуалната фотографија во мини танга бикини, на која во прв план доминира нејзината бујна задница.
„Еј, ова е мојот задник во Инамората костим за капење“, напишала Емили.
Повеќето од еден милион лајкови и илјадници коментари на воодушевување, повторно потврдија дека Емили заслужено ја нарекуваат кралица на костимите за капење.
„Колку убав задник“, „Ова не е фер, искрено“, „Најдобра фотографија која некогаш си ја објавила“, „Воу, прекрасна си“, и пишуваа фановите.