Емили Ратајковски постојано ги изненадува своите следбеници на социјалните мрежи со разголени фотографии.
Иако многумина ја критикуваат поради експлицитните фотографии, Емили очигледно ужива да го покажува своето тело пред бројните обожаватели ширум светот.
Емили и овојпат реши да позира целосно гола, а интимните делови ги покри со рака и цвет. Но, овој пат нејзината голотија не беше без причина. Имено, со тоа таа сакаше да го привлече вниманието на јавноста во САД, протестирајќи против законите кои ја забрануваат волјата на жената и нејзиното право на избор кога е абортусот во прашање.
„Оваа недела, 25 стари бели луѓе гласаа за забрана на абортусот во Алабама дури и во случај на инцест и силување. Овие мажи на власт ги наметнуваат своите желби врз телата на жените со цел да го поддржат патријархатот и да го овековечат комплексот за индустриски затвор, спречувајќи им на жените со ниска економска можност да изберат да не се репродуцираат. Државите кои се обидуваат да го забранат абортусот се државите кои имаат највисоки пропорции на црни жени кои живеат таму. Станува збор за класа и раса и е директен напад врз основните човекови права на жените во САД. Нашите тела, наш избор“ – напиша познатиот светски модел крај фотографијата.