Познатата манекенка Емили Ратајковски стана мајка.
Имено, моделот со своите следбеници на социјалните мрежи сподели дека пред неколку дена се породила.
„Се роди Силвестер Аполо Бер. Пристигна на 08.03.2021. Ова е најнеобичното, најубавото и љубовно утро во мојот живот“; напиша Ратајковски покрај фотографијата на која го дои новороденчето.
Иако бебенцето го добиимето Силвестер Аполо Беар, Емили и нејзиниот сопруг Себастиан Бер Меклад изјавија дека нема да го откриваат полот на своето дете и дека ќе го растат на полово неутрален начин, па ќе дозволат самото да го одбере својот пол.