Манекенката Емили Ратајковски која важи за една од најзгодните модели објави фотографија со неиздепилирани пазуви.
Станува збор за фотографија која ја направила за потребите на магазинот “Harper’s Bazaar” за кој зборувала за феминизмот и правата на жените да изгледаат и да се однесуваат како што сакаат.
“Дајте им прилика на жените да бидат она што сакаат. Напишав есеј за “Harper’s Bazaar” за важноста жените да имаат право на избор, од тоа што ќе облечат до тоа дали ќе се бричат или не, без разлика на било кои влијанија кои го обликувале начинот на кои тие се претставуваат себеси. Правете што сакате, доста е од предрасуди”, напишала Ратајковски.
Фотграфијата за кратко време доби речиси два милиони лајкови, а мислењата се различни.
Некој истакнуваат дека таа со фотошоп ги додала влакната.
Некои се сомневаат дека станува збор за маркетинг.