Радио Милева

Емили Ратајковски: „Коментираат дека сум грда и глупа, а јас заработувам милиони“

Емили Ратајковски: „Коментираат дека сум грда и глупа, а јас заработувам милиони“

Во интервју за интернационален портал, Емили Ратајковски истакна дека не  и пречат негативните коментари на нејзините сексипилни фотографии.

„Реакцијата на фотографијата е: „О, Господе, повторно гола, колку си глупа,немаш друго што да понудиш, а јас на таа основа водам фирма“ објасни 27 годишната Ратајковски, која од 2017 година има фирма „Инамората“, за која дизајнира долна облека, бикини и „облека за тело“.

„Друштвените мрежи се само процес на брендирење и смешно е да помислите: „Не ја сфаќам сериозно“, а ние заработуваме од нив“ додава Ратајковски.

Емили мисли дека модата и убавината се супер бидејќи можат да им ја зголемат самодовербата на луѓето.

Ратајковски вели дека сакала да се осигура дека секој дел од колекцијата е дизајниран така што да може да го носи.

To top