Радио Милева
опасно „пали“...

Емануела „гори“ цела од сексапил: Уште една бугарска пејачка со жешки фотографии од еротска фотосесија (ФОТО)

Емануела „гори“ цела од сексапил: Уште една бугарска пејачка со жешки фотографии од еротска фотосесија (ФОТО)

Бугарската пејачка Емануела,  деновиве ги воодушеви своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи со неколку жешки фотографии од својата најнова еротска фотосесија.

На нив пејачката во секси долна облека, истакнувајќи ја својат вита става и бујните облини  покажува со каков телесен раскош таа располага, но и со какви расни убавици располага бугарската естрадна поп-фолк сцена.

Емануела, покрај многубројните настапи овој период и подготовките на новата песна,  деновиве успеала да ја сними новата фотосесија, која ја открива нејзината извајана фигура. Фановите не штедат комплименти, не одвојувајќи го долго погледот од еротската глетка на атрактивната певица.

Фотосесијата инаку е дело на  уметничкиот фотограф Георги Малев, со кого Емануела таа соработува неколку години, а за нејзиниот  изглед се погрижиле Ива Атанасова (стилист), Ивајло Колев (фризура), Евелина Ковачева (шминка).

Во прилог погледнете неколку ексклузивени фотопарчиња од еротската фотосесија на Емануела на кои таа гори цела од сексапил, како и неколку постари фотографии, на кои пејачката ништо помалку не е  привлечна, провокативна и пожелна…!

Извор:  estrada world

Фото: estrada world/Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева