Радио Милева случајна сличност или копи-пејст?

Ема Радујко ја споредија со Џехва, а оваа жестоко возврати: „Да сакав да ја копирам ќе влезев во Задруга“ (ФОТО)

Ема Радујко ја споредија со Џехва, а оваа жестоко возврати: „Да сакав да ја копирам ќе влезев во Задруга“ (ФОТО)

Ема Радујко на почетокот на кариерата беше споредувана со нејзината постара колешка Теодора Џехверовиќ и поради физичкиот изглед и поради нејзиното провокативно облекување. Двете имаат и ист менаџер, а на Ема на почетокот и се допадна споредбата со Теа, но не и обвинувањата дека ја копира. Меѓутоа, денес ситуацијата е поинаква.

Сите зборуваат за интервјуто на Ема во кое таа дури и ја задеваше својата колешка.

– Таа приказна повеќе не е во фокусот, но во еден момент навистина ми стана досадно. Реков, ќе направам нешто само за да не личам на неа. Иако отсекогаш изгледав вака, мајка ми ме роди ваква. Бев целосно анонимна кога почнав да се снимам за социјалните мрежи, уште тогаш ми пишуваа дека личам на неа“ – истакна Ема.

„Таа е девојка  имаше некои естетски зафати, јас не. Што да правам? Дали треба да си направам нешто за да изгледам поинаку? Луѓето постојано кажуваат како ја копирам. Во еден момент, кога само што почнував да снимам, таа изгледаше навистина добро, сè на неа ми беше одлично, па не ми пречеше да ме споредуваат со девојка која е згодна, убава, успешна…“ – додаде Радујко.

 

 

„Но нормално во еден момент ми стана досадно затоа што мислев дека не личам на неа, ниту пак сум ја копирала. Да сакав да ја копирам, тогаш ќе и го ископирав животот и  можеби ќе влезев во реално шоу… Да го направев сето тоа, да речете дека ја копирам, но тргнав по друг пат. И тоа е тоа“ – уверува пејачката.

„Инаку, се познаваме. Кога бев помала ми се јави, бевме заедно во нејзиниот спот и тогаш почнаа муабетите. Во тоа време имавме иста боја на коса… Морам да признаам, имав периоди кога ги гледав фотографиите и гледав дека навистина личам на неа. Тогаш не ги закачував тие слики, за да не зборуваат луѓето како тоа го правам свесно и намерно“ – раскажала Ема за „Инфомер“.

Фото: Инстаграм/teodoradzehverovic/emaradujko.singer

To top