Познатиот Елтон Џон отсекогаш бил еден од најконтраверзните музичари на светската сцена.
Периодов големо внимание привлече со мемоарите во кој Елтон изнесува шокантни тврдења од минатото на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон.
Иако мемоарите се уште не се објавена, одредени британски медиуми објавија делови од книгата.
„Го познавам Мајкл кога имаше 13 или 14 години. Беше најслаткото дете кое може да го замислите. Меѓутоа, подоцна почна да бара бегство од реалноста и стана окупиран со својот имагинарен свет. Само Господ знае што му се случуваше во неговата глава, само Господ знаеше какви лекови пиеше, но секогаш кога ќе го сретнев мислев дека го изгубил компасот“ напиша Елтон.
„Џексон навистина беше пореметен,тешко ментален човек. Вознимирувачка личност со која нема да сакате да бидете во друштво“ со овие зборови Елтон го опиша својот пријател.
Елтон исто така се потсети на тендцијата на Мајкл да се дружи со децата. Како што тврди не можел да најде заеднички јазик со возрасните и дека не се снаоѓал во негово друштво, така да бегство барала во дружење со децата.
Иако не го обвини за педофилија, музичарот стави до знаење дека Џексон со децата се дружел на непримерен начин.
Инаку, мемоарите под наслов „Јас“, требаше денес (15.10.2019) да почнат да се продаваат низ Велика Британија, но поради овие шокантни тврдења нивното продавање е одложено.