Македонската ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ неодамна на големи ѕвона најави дека ќе се мажи, откако претходно се сврши, кога беше запрoсена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска.
Нора и нејзиниот свршеник не ја криеја љубовта, па така уште оддамна споделуваа заеднички фотографи кои на моменти изобилуваа и со размна на нежности. На годишен одмор покрај песочниот брег на плажа…
… Во дворот на семејната куќа во домашен амбиент…
…Или во водите на некој хотелски базен…
…Нора секогаш знаеше да сподели љубовна поза повеќе, отколку само оние на кои го темнее својот тен.
Но, една понова објава на раскошната скопска инфлуенсерка, модел и некогашна ријалити учесничка е со истата тематика, само овој пат има поинаква драматика.
На фотографијата покрај моментите на љубовна среќа, забележливо и присуството на уште некого. Имено, во кадарот влетало и нејзиното кученце, белиот влакнест бишон, кој е неизоставен куќен миленик или во случајов љубовен натрапник?
Имено, Нора и свршеникот кој е легнат над неа во постела, интимниот момент од размената на нежности го овековечиле со селфи од (пред)брачната постела. И додека Елеонора и вереникот ги споделуваат своите љубовни страсти во „игрите за возрасни“, за газдарицата е исто толку „залепен“ и домашниот миленик колку и нејзиниот вереник? Од приложеното се гледа дека на идниот зет тоа не му пречи, а познавачите на „кучешко-човечките“ релации велат дека по се’ изгледа крзнениот малечок толку се приврзал кон сопственичката, што едноставно не се двои од неа, дури и кога некој би сакал насамо да биде „близок“ со неа.
Или со други зборови, додека Нора и Чедо се… сакаат, некој трет е љубоморен, па никако не прифаќа моментот меѓу нив двајцата, да остане интимен!? Што очигледно не ја нарушува љубовната среќа на семејното „дуо-трио“, а што е потврда и украсот на фотографијата. Двајца или тројца, среќата е иста – емотикон на детелина… со четири листа!
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__