Радио Милева летни параметри

Елена, Зоре и Стојне заедно на море: Македонските фолкерки исти по височина, различни по тежина… и бујност! (ФОТО)

Елена, Зоре и Стојне заедно на море: Македонските фолкерки исти по височина, различни по тежина… и бујност! (ФОТО)

Три македонски дами од фолк естрадата решија неколку дена да минаат на заеднички летен одмор во Грција. Зоре Мицевска, Елена Јовчевска и Стојне Николова, си дадоа неколку дена пауза, па професионалните обврски ги заменија со приватна дружба во која трите фолк грации уживаа на Егејското крајбрежје.

Халкидики, вообичаена рута, каде им се придружија и уште некои од познатите македонски фолк музичари и изведувачи, како Благоја Грујовски например. Така, веселото и распеано друштво во проширен состав, реши да се нагости во еден од многубројните рестотани кои ги има на секој чекор од краците. А таму, краци од октопод, лигњи, школки, ракчиња и добро вино, за уште подобро расположение. Па ако не можат во „Пинк“ на пеење, можат да му ја седнат во „Пинк“ на морска храна!

Кој беше каваљерот кој на крајот  ја плати сметката – никој не кажува!?

Ама затоа е повеќе од јасно дека потоа веселото друштво замина во дискотека. Или поточно во еден од отворените летни клубови кои работат до рано изутрина. Фолкерките покажаа дека добро ѓускаат и на диско ритам!

Другиот ден, мала екскурзија, плажа, и дневна дружба со дружината! Дамите ги покажаа своите телесни квалитети, која помалку или повеќе зацрвенета, важно  сите среќни и насмеани… И се разбитра задоволни!

А, кога сонцето ќе го достигне својот зенит, време е за… кој како! Машката екипа за дремка, а дамите за коктел освежување!

Така исончани, расположени и освежени – назад кон дома, со попатна екскурзија до Солун!  Дневна прошетка покрај брегот за селфи и споделување спомени. Ама фотографирањето проблем. Кога е бујноста во прашање, обемот на гради и останите атрибути ги собира на фотографијата. Сите три имаат што да покажат, секоја на свој начин, која повеќе-која помалку, ама доволно за сликата да биде „раскошна“. Позадината исто така… И на фолкерките и на околината!

Проблемот е нешто трето… Височината! Сите три различни по височина, ама и за тоа има решение. Онаа што слика, во случајов Зоре, отиде понапред, а другите две зад неа. Но, бидејќи Елена е повисока од Стојнето, русокосата „гајдаџика“ мораше да подклекне, за позата да биде целосна и изедначена! Како и коментарот крај фотографијата: „На иста висина“!

Оваа последнава фотографија на трите фолкерки сликани пред кулата во Солун, нема да ја коментираме. Зашто, сликата споредена со претходната, очигледно… нема „иста тежина“!

 

To top