Радио Милева моден настан

Елена „Живот со стил“ со свој моден избор од „Мет Гала“ – ова се најзините фаворити… (фото)

Елена „Живот со стил“ со свој моден избор од „Мет Гала“ – ова се најзините фаворити… (фото)

Поголемиот дел од познатите сакаат да присуствуваат на модната забава „Мет Гала“  и да бидат дел од истата, пред се на модното дефиле кое го следи целиот свет и се зборува со денови. Домаќини оваа година беа актерките Пенелопе Круз и  Михаела Коел, тенисерот Роџер Федерер како и пејачката Дуа Липа.

Една од нашите ТВ водителки и инфлуенсерки Елена Најдоски или попозната како  Елена „Живот со стил“ на нејзиниот Инстаграм профил одлучи да го сподели нејзиниот избор и да прокоментира за нејзините фаворити.

Таа нагласи дека „Мет Гала“ заслужува малку повеќе внимание, па ги кажа нејзините впечатоци од овогодинешниот моден настан.

Елена истакна дека настанот во кој се оддава почит на модата и дизајнот е организиран од познатата уредничка на Вог, Ана Винтуар, а редовно се одржува уште од 1995 година. Оваа година на која сите сакаат да бидат поканети, собра средства за Институтот за костими во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк.

Оваа година вечерта беше посветена на германскиот дизајнер, починатиот Карл Лагерфелд, кој успеа да влезе во модната историја.

А Елена забележа дека за неговиот децениски моден труд заслужува големо внимание.

„Со своите ревии дизајн и перфекционизам ги помести границите на модниот концепт и остави креативна празнина која тешко ќе се замени. Со оглед на неговата работа имам навистина големи очекувања од црвениот тепих оваа година“.

„Иако различни контроверзии беа поврзани со неговиот живот, вечерта беше посветена на модата, а посетителите можеа да видат изложба со повеќе од 150 креации  на Карл Лагерфелд. Серијата изложени парчиња облека го опфати периодот на креативно насочување на модниот визионер во луксузните куќи како Chloe, Fendi, Chanel, како и работа за престижните француски брендови Balmain и Patou.“

Еден од нејзините фаворити беше Џеј Ло, па ги праша следбениците за нивно мислење.

Таа даде аплауз и за Тејана Тејлор, за нејзиниот моден избор.

Уште еден нејзин фаворит на Мет Гала е Џена Ортега која е доследна на нејзиниот омилен готик стил.

Во изборот  ги издвои Кендал и Џиџи, а за нив чекаше мислење и од следбениците.

И за крај ја одбра Ким Кардашијан со нејзиниот уникатен  фустан со 50 илјади бисери.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Најдоски

To top