Живееме во време кога тендот за волуменозни усни е ултра посакуван од припадничките на понежниот пол, па ретко која остана со желба да го задржи природното.
Веќе стана нормално и пракса секоја втора да има зголемени усни, која повеќе, која помалку, но кога ќе дојде ред да се зборува или да се каже дека изгледот на усните е коригиран, тоа се држи како тајна и се уште стои како табу тема.
View this post on Instagram
Ако некогаш редовно се посетуваше фризер и козметичар, сега неговото височество е естетичар.
ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски излегува од рамките на праксата кога е во прашање јавното говорење на оваа тема. Таа меѓу своите понови објави сакаше да покаже како ги средуваат нејзините зголемени усни, одноно им прават редовна корекција во одредено време.
-Не е никаква тајна дека еднаш годишно ги освежувам моите усни со хијалуронски филер, пишува Елена во описот на фотографијата каде се изведува постапката.
Во следните неколку фотографии откри и даде сугестија за тоа кој филер го користи за мек и поприроден изглед, а му се заблагодари и на згодниот доктор.
Покрај Елена, уште неколку познати Македонки без заобиколување и криење споделија дека ги напумпале усните од чиј изглед се презадоволни.
Меѓу нив беше Тамара Тодевска, Кристина Димитри, Татјана Стојановска…
фото:Инстаграм принтскрин/Елена Најдоски