Радио Милева љубовен танц

Елена „Живот со стил“ има предизвик за Денот на вљубените: Најдете го Вашиот спомен кој буди љубовен ритам (фото)

Елена „Живот со стил“ има предизвик за Денот на вљубените: Најдете го Вашиот спомен кој буди љубовен ритам (фото)

Елена „Живот со стил“ пред година ипол стана госпоѓа Најдоски и му кажа „да“ на својот сегашен сопруг Бојан.

Ако пред неколку години Денот на вљубените го славеа како момче и девојка, денес веќе се  брачни сопружници кои функционираат уште поблиску и секако во заедница каде се слави и наздравува за љубовта. На социјалните мрежи денес се’ е во знакот на празникот, особено оној од кој се слави љубовта, но дополнително залеана со чаша вино и за Св. Трифун.

Меѓу повеќето предлози за подароци и што ли уште не за да подарите на саканата или саканиот, на профилот на Елена осамна еден придизвик и тоа тематски баш за овој специјален ден. Имено, Елена објави фотографија од првиот свадбен танц додека таа и саканиот играа на тема од Бочели насловена „ Love in Portofino“.

Не требаше да помине многу за да видиме дека предизвикот за ова го прифатила и новинарката и водителка Анастасија Илиевска која се присети на својот љубовен ритам со Богдан и тоа дека танцувале на песната „Љуби ме и главата горе“ од Зафир Хаџиманов.

Колку време и да помине, ова на секој од нас кои пливаат во брачните води се сеќаваат на тоа која е песната што ја симболизира нивната љубов и ја избрале за прв танц. Веруваме дека за ова поемотивни ќе бидат дамите и побрзо ќе се сетат на музичката тема за танц, особено ако било од поодамна.

Која е љубовната тема од Вашиот голем ден? Шаш предлог, сипете чаша вино, пуштете ја Вашата и заиграјте повторно во љубовен ритам!

фото:Instagram printscreen/ elena_zivotsostil/ anastasiia_dea

Поврзани теми

To top