Елена Велевска важи за пејачка која го негува својот изглед и често сака да експерементира кога се во прашање модните комбинации.
Кога станува збор за модните комбинации најчесто може да ја видиме во разни провокативни изданија каде ги истакнува своите атрибути и облини.
Неодамна, пејачката екперементираше со бојата на косата и можевме дури да ја видиме со розова боја.
Меѓутоа, за разлика од честите објави на социјалните мрежи преку кои Велевска може да ви ја разбуди фантазијата, фолк пејачката овој пат објави поразлично издание.
Велевска на „Инстаграм“ сподели и фотографија на која е во тренерки и патики, со виткана коса и во сосема опуштени издание.
По оваа објава таа сподели и фотографија во елегатно издание. Односно Велевска е облечена во панталони и сако, нема ништо од провокација, кратко здолниште и длабоко деколте.
Како ви се допаѓа ова издание на фолкерката?
За потсетување, пред некое време пејачката истакна дека се разведува од нејзиниот сопруг, но потоа се предомисли и истакна дека одлучиле да си дадат друга шанса.