По веста за малата сообраќајна несреќа без последици, Елена Велевска одново го запали Интернет. Имено, таа уште минатата недела го најави излегувањето на својот нов спот нудејќи им на своите следбеници на социјалните мрежи грст од фотографии…
На нив као што е редот, фолкерката мошне провокативна, баеги сексапилна, и доволно разголена за да ги разгори машките и не само машките мечти, фантазии, желби и страсти…
Во меѓувреме, чекајќи спотот да се појави, раскомотената фолкерка, хотелската фотосесија денес реши да ја засили со нова фотографија и нов пост.
На неа Велевска во вечната женска дилема: „Што да облечам денес?“ Она што го избрала за денешното селфи е обична, секојдневна кежуал комбинација: тексас фармерки и небесно сина блузичка. А под блузичката, голото пупаче на пејачката украсено со пирс… Тоа е она што се гледа. Ама она што само се наѕира и насетува е возбудата на фолк ѕвездата, која ја откриваат набрекнатите брадавици под блузичката… Дали и е ладничко или има друга причина Елена да биде така наежена – останува исто толку дилема, колку што е и нејзината: „Што да (с)облечам денес?“