Македонската фолк дива Елена Велевска е една од оние што може слободно да се носат рамо до рамо со српските или бугарските пејачки. Иако оддамна мајка, се’ уште стројна, згодна, со тело вретено… А за тоа има само еден рецепт: повеќе да потрошиш отколку што ќе внесеш! И таа тоа го применува на свој начин: Од кафеана во теретана! Само, да не се разбереме погрешно, не од јадење во кафеана, туку од пеење.

А теретаната и е очигледно како втор дом… Елена не се штеди себе си, ефективно вежба, се поти, килограмите ги топи… Иако и самата тврди, дека не вишок, туку дури има и недостаток на тежина.

Ама затоа пак, не и недостасува свежина. А свежината меѓу другото не доаѓа само од вежбањето… Или доаѓа, ама не од она во теретана! Сексапилот има тесна врска и со првите четири букви на поимот. Ама кога ја прашаа, Елена одговори поинаку: „Ни С од СЕКС…“!

Е сега дали сакаше да каже дека се доживувава себеси како да нема ни „С од секс симбол“ или навистина нема ни „С од секс“…? Сепак, ќе да е првото! Она второто, не изгледа како да е така… А и би било штета!

Зашто само „К“ да помисли, а камо ли „К“ да изусти, КАНДИДАТИ за „вежбање со неа“ има да се пријават илјадници… За во теретана, секако!
Фото: Томе Табанов / принтскрин Инстаграм
Видео: 1тв/Јутјуб