Познатата македонска фолк-пејачка Елена Велевска по подолга пауза реши да се врати на естрадната сцена со нов материјал. Или поточно со стара песна и ново видео за неа, кое во студиот на „Томато“ продукција под режисерската палка на Бане Поповиќ го снима за една од нејзините најубави песни во кариерата.
„Говорот на телото“ Велевска ја испеа уште во далечната 2003 година и истата тогаш го отвораше на еден од нејзите албуми издаден од битолската издавачка куќа „Сенатор рекордс“ на покојниот Аце Ангелоски.
Атрактивната Елена и овојпат на своите обожаватели ќе им се претстави во провокативно издание… Доволно подразголена да покаже дел од својот телесен раскош, овој пат со акцент на долгите нозе, кои доминираат барем во она што како први кадри можат да се видат во новото видео на старата песна.
Иако оддамна не е тинејџерка, Влевска и понатаму игра на картата на својот сексапил, зашто пејачката добро знае дека песната ја милува душата, ама видеото го дига… адреналинот, откако гледачот „ќе влезе во филмот“, секако!
Дека Велевска на тој план се’ уште има што да понуди кога е нејзиниот телесен раскош, не се сомневаме… Иако, друго прашање е дали „Говорот на телото“ е ист, како оној од пред 17 години, кога песната е испеана?
Некои од медиумите веќе побрзаа да ја ословат пејачката во нејзиниот најнов спот како македонската Моника Белучи…?! Веројатно алудирајќи на тоа дека Велевска како и славната актерка и во зрелите години изгледа се’ уште доволно привлечно, пожелно и секси…
Конечно, „Говорот на телото“ иако можеби не е како оној од почетокот на кариерата, се’ уште продава… Впрочем, за секоја стока (роба) има купец… Само треба да знаеш добро да ја спакуваш и изрекламираш… А на Велевска, очигледно тоа добро и оди, а и има се’ уште што да „понуди“!
Впрочем, промоцијата на спотот се очекува за неколку дена,па времето ќе покаже дали „новиот видеоговор“ на нејзиното тело, ќе го воскресне старото музичко дело?!