Радио Милева оваа фолк сирена предизвикува мигрена

Елена Велевска се расоблече, па рече: „Животот е уживање“… само што, кога Елена ужива, другите ги боли глава! (ФОТО)

Елена Велевска се расоблече, па рече: „Животот е уживање“… само што, кога Елена ужива, другите ги боли глава! (ФОТО)

Македонската фолк пејачка Елена Велевска откако ја преброди брачната криза, полека се консолидира и враќа во врвна форма… Дод душа, од неа не ни излегла, ниту пејачки ниту физички, ама сепак… лето е, па добро е малку да се наполнат батериите,а патем и добар период е нешто екстра да се заработи.

Затоа Елена малку одмара, малку ужива… И тоа и едното и другото, воглавном на домашен терен.  Охрид, градот бисер во кој живее нуди доволно убавини за згодната фолкерка да не мора да оди на море.

А и настапите за кои темелно се подготвува и се воглавном во Македонија. Од кафеани и ресторани, до плажи и базени… и секако понекоја свадба или приватна забава.

Елена занае како треба да се подготви за да го извлече максимумот од секоја вечер… А максимумот се вика атрактивен настап за добра забава и задоволни гости, што е еднакво на богат бакшиш!

Но сексапилната пејачка знае дека животот не е само работа, туку „животот е и уживање“. Затоа охридските плажи и базени се местотот каде најдобро може да го најде свокот мир… Ама, дали е баш така?

Зашто расоблечена во различни костими за капење, Елена каде и да се појави, секогаш ја буди љубопитноста на околината. Атрактивна, згодна,сексапилна, со раскошни телесни атрибути пејачката штом на лежалката ќе ја испружи својата вита става, околината веднаш ја боли глава!

Како и не би, зашто кога ќе ја види Елена му се превртува целата вселена! Измешани мисли, чувства, желби и копнежи, го боцкаат како илјада бодежи!  Доволен е само еден поглед на раскошната фолк сирена и… трк во аптека по апче за мигрена! Елена Велевска на плажа – секси до болка за туѓа главоболка!

 

 

 

To top