Радио Милева Преобразена...

Елена Велевска разголена в постела: Во крзно, по долна облека во провокативна поза, подготвена за… метаморфоза! (ФОТО)

Елена Велевска разголена в постела: Во крзно, по долна облека во провокативна поза, подготвена за… метаморфоза! (ФОТО)

Елена Велевска не престанува да ја „скокотка“ љубопитноста на своите обожаватели, но и на пошироката јавност, речиси секојдневно постирајќи нови фотографии на социјалните мрежи! Македонската фолк ѕвезда покрај жанровки различните песни, веројатно за да го задржи вниманието на себе кај публиката, а воедно да стекне и нови обожаватели, по теркот на светските и регионалните колешки, непрестано го менува својот изглед и имиџ!

Различни парчиња брендирана облека, поинаква шминка, фризура, различна боја на косата… Велевска се почесто и се повеќе станува кралица на трансформацијата!

Пејачката нејзината најнова преобразба ја најави со една фотографија на која таа е поинаку нашминкана од вообичаено, со различна фризура и боја на косата. Имено, Велевска се преобрази во црвенокоса! Веројатно тоа е само првото фото парче од новата фотосесија со уметничкиот фотограф Даниел Јовески кој е потпишан на фотографијата, со која фолкерката сака да го „опипа пулсот“ на јавноста чекајќи ги нивните реакции за новиот изглед!

Во меѓувреме Елена Велевска не седеше со скрстени раце, па реши да ги поздрави своите следбеници на социјалните мрежи со уште една провокативна фотографија од последната хотелска фотосесија на уметничкиот фотограф Томе Табанов.

А на фотографијата, Елена го распослала сиот свој сексапил, сиот раскош и убавина на белата хотелска постела… Разголена в кревет, наметната со куса крзнена бундинчка, само по долна облека во провокативна поза, Елена е подготвена за… нова метаморфоза… Како црвенокоса!

Она што Велевска сака да ви го порача и посака на оваа слика е…  „Добра ноќ“!

Само, мала забуна прават сандалите… Зашто, со чевли никој не легнува в кревет, освен ако не…

Како и да е: „Добра ноќ!  После ваква глетка, што ви преостанува друго освен…  бурни сништа!

 

To top