Радио Милева говорот на очите...

Елена Велевска призна дека се разведува, па тргна да се разголува: Фолкерката потсети колку е „жешка“! (ФОТО)

Елена Велевска призна дека се разведува, па тргна да се разголува: Фолкерката потсети колку е „жешка“! (ФОТО)

Откако пред една недела јавно призна дека на нејзиниот брак и покрај сите нејзини напори му нема спас, заедничкиот живот сосопругот пропаднал и дека во тек е бракоразводна постапка, Елена Велевска по се’ изгледа фрли се на една карта – кариера!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-velevska-definitivno-se-razveduva-ne-uspeav-da-go-spasam-brakot/

А, кога е кариерата на пејачките во прашање, особено оние од фолк естрадата, за успешно да може да се носи со колешките од Србија и Бугарија, каде веќе се обиде да си ја проба среќата, Велевска добро знае дека покрај певливите лесни рефрени, ќе мора да понуди и нешто повеќе од песна.

Атрактивната прилепчанка има доволно телесни квалитети за своите песни да ги поткрепи со скокотливи видеа и разголени фотографии.

Така, познатата пејачка своите обожаватели на социјалните мрежи ги почести со нова серија секси фотографии на кои доминира најжешката фотка.

На фотографијата Велевска позира со перика на глава, но она што на сите им “боде очи“ е раскопчаната рокерска кожена јакна под која разголената Елена не носи ама баш ништо.

Сексапилната пејачка на фотографијата позира без градник, па затоа тешко дека некој би можел да ја гледа во очи, кога во фокусот на вниманието се нејзините бујни гради.

И сето ова како визуелна поткрепа за новата песна „Говорот на телото“, чие видео треба да се појави наскоро. Дотогаш, погледнете ја убаво сексапилната Велевска уште еднаш и пуштете ги очите да говорат… Страста, сама ќе ви се јави!

 

To top