Kоронавирусот кој во Македонија започна да се шири пред еден месец, се уште е присутен, а секојдневно се зголемуваат бројките на заболени.
Надлежните донесуваат мерки и препораки со цел да се спречи неговото ширење, а една од препораките е да се остане дома.
Поголемиот број од граѓаните ги почитуваат мерките за заштита, но оваа пандемија предизвика страв кај многумина.
Јавните личности преку социјалните мрежи апелираат да се седи дома, да се почитуваат препораките, граѓаните да го чуваат своето здравје, но и да не се шири страв и паника.
Македонската фолкерка Елена Велевска на својот „Фејсбук“ напиша статус да престане да се држи страв затоа што овој народ има преживеано уште полоши ситуации.
Престанете да не држите во страв.Ние сме се избориле со многу потешки ситуации од вирус.На луѓето им е потребна вистинска помош по здравствените установи, во кои е скоро недостапно да се обратат.
Штетата е повторно по народот и психичка и материјална.
Вистинските верници се плашат само од Бог, не од вирус.
Животот треба да продолжи“, напиша пејачката.
Нејзините фб пријатели се согласија со нејзиното мислење, а се надеваме дека оваа ситуација наскоро ќе заврши и ќе продолжиме со нормален живот, а дотогаш останете дома.