Радио Милева повторно своја

Елена Велевска повторно блеска: Пејачката славеше роденден, како да слави втора младост – „Овој живот убав е“… особено кога се живее без стеги и по свое! (ФОТО+ВИДЕО)

Елена Велевска повторно блеска: Пејачката славеше роденден, како да слави втора младост – „Овој живот убав е“… особено кога се живее без стеги и по свое! (ФОТО+ВИДЕО)

Елена Велевска славеше роденден. Иако на дамите сто пати сме рекле и пак ќе кажеме дека не им се бројат годините, пејачката не ги криеше. Ниту нив ниту роденденските желби, што самата си ги посака, јавно споделувајќи ги на својот фејсбук профил.

А фолкерката скромна како и секогаш или подобро речено како никогаш досега посака она што секој човек основно го посакува и наздрави со овие зборови:

„Во 42-та година посакувам Бог да е секаде со мене и моите најблиски. Да бидам опкружена со многу љубов, музика и вистински пријатели. На здравје“ – сподели пејачката  покрај фотографијата на која изгледа божествено. Впрочем како и на сите последни, откако успеа да ги преброди сите премрежја што во оприватниот живот последниве две години и се случија.

Имено, откако на почетокот на 2020 година, фолк пејачката Елена Велевска откри дека и покрај сите обиди и напори да го спаси бракот, се разведува од сопругот, започна нејзината голгота да чекори „боса по пеколот“. Следуваше бракоразводната постапка по која нивните три деца останаа да живеат во Охрид со татко им, а Елена се врати во родниот Прилеп.

Тогаш „скршена од болка“ која и физички и се познаваше на ликот и снагата, Елена отворено проговори и пред камерите:

„Изгубив сė. Останав силна. Бог е тој што дава и Бог е тој што зема. Останав достојна на сė што ми се случи, на сите падови, на сите порази кои што ми беа приредени во животот, како професионално немавме работа, така и приватно. Јас велам дека во 2021 си го најдов мирот, си го вратив своето здравје“ – раскажа тогаш пејачката.

Неодамна  Елена се всели и во новиот дом во Прилеп. Со неа нејзините најмили, нејзините три алтани, децата  Софија, Марко и Калија.

Затоа годинава Елена Велевска го славеше не само роденденот, туку со него ја славеше и својот втор живот, својата втора младост.

Зашто „Овој живот убав е“ – како што самата пее во една од нејзините последни песни. Особено кога се живее растоварено, без грижи и стеги, како што таа сега го живее, онака како што посакува – по свое!

Затоа Велевска сега и толку блеска… И во погледот и во ликот и во ставата… Истакнувајќи го одново на површина нејзиниот неодолив секспил, кој покрај гласот секогаш е и бил, нејзиниот најголем адут за успех.

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/evelevska

 

To top