Радио Милева

Елена Велевска побара помош: „Пријавете го“ – пејачката на удар по приватноста!

Елена Велевска побара помош: „Пријавете го“ – пејачката на удар по приватноста!

Да се биде популарен не е лесно како што изгледа, а многу познати личности се соочуваат со разни проблеми, но пред се на оние на социјалните мрежи.

Неодамна ТВ водителката Лила Фиповска беше мета на хакери кои на кратко успеаја да го избришат нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а сега пак и пејачката Елена Велевска има проблем со тоа што некој отвара лажен профил со нејзиното име на Фејсбук.

На лажната страница осамнаа некои од нејзините најнови фотографии, а таа веднаш се пожали и побара од своите пријатели и следбеници да го пријават ваквиот профил за да биде тргнат од Фејсбук заедницата.

Објавата ја дополни со извичници како и благодарност однапред за оние кои возвратиле на нејзиното барање.

фото:фејсбук

To top