Српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ неодамна изјави дека не сака и не ја задоволува тоа да објавува и да се фали со материјални работи на социјалните мрежи, бидејќи смета дека тоа е примитивно.
Ваков став има и нашата фолк пејачка Елена Велевска. Таа во интервју за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ изјави дека не преферира да ја покажува имотната моќ, да се фали со брендирана гардероба или да го има комплексот народски кажано „видејте ме“.
-Никогаш не сакам јавно да зборувам за тоа колку имам, што имам, примитивно ми е. Живееме во земја во која просечна плата е 200 евра и повеќе од безобразно е јас или кој било да се расфрла со сума на пари и да биде трн во око. Јас сето ова што го имам, го имам заработено, мојата кариера трае повеќе од 20 години. Не сум опседната со тоа што го носам дека мора да е бренд. Носам парчиња гардероба од брендови кои се достапни за сите. Еден од најголемите животени успееси е од она кое што сакате да го работите да знаете пари да направите и да можете да живеете нормално, пристојно. Се исплати доколу вложуваш, јас во мојата кариера многу вложувам и тоа ми се враќа, мојата публика го препознава тоа, вели Велевска.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/toa-e-primitivno-ceca-priznava-shto-nikogash-ne-bi-napravila-a-go-pravat-drugite-pejachki/
Па така, ако направиме споредба со тоа што се повеќе јавни личности, особено оние од понежниот пол, не можат, а да не се пофалат со новите брендирани високи потпетици, чанти, очила за сонце, фустани… па дури и да кажат колку платиле за истите, Велевска не е баш тој тип.
Најмногу активна на социјалните мрежи е кога има некоја нова секси фотосесија, а сака да се пофали со полната агенда настапи кои ги има – што е сосема во ред.
Но исклучок мора да постои, а така е и во нејзиниот случај.
Додуша се случува ретко ама кога Еленче има нов автомобил вреден илјадници евра, тешко и паѓа да не се пофали.
Особено кога го купи луксузниот бел „Мерцедес“.
Од принципите и правилата во животот сите знаеме да направиме отстапки, а во случајот на пејачката, слабост се автомобилите, со што веруваме и самата се согласува.
фото:инстаграм/еленавелевска