Радио Милева

Елена Велевска не можеше да молчи по шпекулациите за новото момче од Америка – еве ја реакцијата

Елена Велевска не можеше да молчи по шпекулациите за новото момче од Америка – еве ја реакцијата

Откако естрадниот ТВ магазин „Ексклузив“ на 1ТВ го објави прилогот според кој фолк-пејачката Елена Велевска наводно има ново момче – богаташ од Америка кој има три фабрики, веста инстантно се рашири по порталите.

Секој си направи свој „фил“ за наводната нова љубов на пејачката, а таа не реагираше веднаш.

Сепак, по еден ден, веројатно не можеше повеќе да игнорира, Велевска се огласи на своите профили на социјалните мрежи и напиша:

Се она кое што го читате овие денови за мене е вистина колку што сум трудна по четврти пат, реагира Елена Велевска.

За потсетување, Елена откако пред неколку месеци откри дека е жртва на семејно насилство, одлучи да стави крај на бракот, а потоа како што изјави самата пред камери,  решиле да си дадат втора шанса со тоа што се смириле во кревет.

Сепак, „Ексклузив“ објавува дека сопругот на Елена веќе извесно време живее во Австралија, каде живеше и пред да се венча со пејачката.

Елена и Марјан имаат три деца, а во јануари 2018 година пејачката посака да биде повторно бремена.

To top