Фолкерката Елена Велевска e активна на социјалните мрежи каде што редовно ги чести следбениците со разни фотографии истакнувајќи ја својата убавина.
Пејачката како и сите нејзини колеги од естрада е на подолга принудена музичка пауза поради коронавирусот кој се повеќе зема замав.
За жал, короната коси пред себе, а како последици на коронавирус починаа и многу познати личности кои ја изгубија битката.
Меѓу нив е и македонскиот пејач, водител, музичар, композитор – Драган Вучиќ кој претходната година почина поради компликации од Ковид 19.
Познатите со солзи во очите се простуваат од Драган Вучиќ (ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)
И по речиси една година од неговата смрт, неговите колеги, пријатели, соработници се уште не може да веруваат дека Вучиќ го нема.
Неодамна водителката и пријателката на Драган, Милена Антовска се потсети на колегата истакнувајќи дека се уште не сака да поверува дека не е меѓу нас.
Деновиве, пејачката Елена Велевска исто така се потсети на Вучиќ и на емисијата „Некогаш и сега“ во која што таа беше гостинка.
„ Беше и остана некој кој постави стандарди во телевизискиот етер, другар и исклучителен музичар.Сеуште не верувам дека не напушти….Ова е едно од моите омилени тв гостувања во емисијата “Некогаш и сега” на Драган Вучиќ“ , напиша пејачката во описот.
Вучиќ на јавноста и беше познат по бројни квизови и емисии меѓу кои се: „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и последната „Гурмански муабети“.