Радио Милева шминка со причина

Елена Велевска и на шминкање во заводливо секси издание: За кого ли ги црвиш тие сочни усни? (ФОТО)

Елена Велевска и на шминкање во заводливо секси издание: За кого ли ги црвиш тие сочни усни? (ФОТО)

Елена Велевска летото го минува во Охрид, градот во кој и по пикањето на бракот и разделбата со сега веќе бившиот сопруг, остана да живее. А кога веќе македонсјкиот езерски бисер ти е дома, тогаш зошто денот да не го поминеш на плажа или барем во некое од крајезерските кафулиња.

Но, македонската фолк пејачка е позната како дама која  никогаш и никаде не излегува од дома несредена, нестокмена, недотерана. Токму затоа Елена реши својот изглед да го разубави во едно студио за шминка, кај една позната македонска висажистка  која шминка и дотерува многу од македонските јавни личности од естрадата.

И  сето тоа не би било ништо необично, доколку фолкерката не заминеше на шминкање во тренерки или евентуално само по летна маичка и фармерки, да речеме… Но, Велевска знае дека и од разубавувањето може да се направи добар ПР, па затоа одлучи и на шминкање да замине во секси издание.

На себе само со црн блескав, едноделен костим за капење на врзување кај колковите и расоблечена црна провидна наметка од тантела, Елена седната во шминкерската фотелја предизвика „слатка белја“ кај своите обожаватели и следбеници. Тие, од глава до петици „земајќи и мерка“ на расната фолкерка, едноставно не можат да ги одвојат очите од новите фотографии и видеото на нејзините Инстаграм приказни.

А, Велевска онака згодна, привлечна, пожелна и сексапилна, уште повеќе ги заведува со своите примамливи погледи и еротски движења, па со секој следен кадар на камерата, како да и е намерата што повеќе да ги  навлече на себе со нејзината појава и лик, а со тоа и на нејзините песни. Впрочем, Елена добро знае дека од публиката живее, но покрај музиката, на публиката треба да и понудиш уште нешто… страст и копнеж по ѕвездата.

Сепак, обожавателите се илјадници, а само еден маж може да биде многу повеќе од нејзин фан. Иако во овој период (барем јавно) се знае дека Велевска е слободна и сама, посветена на кариерата и децата, сепак, можеби има некој за кого ги црви тие полни, сочни усни? Некој, заради кого средена и нашминкана како за на настап, заминала на плажа?

Токму неколку папарацо фотографии на кои згодната фолкерка го пие своето кафе на летната тераса од кафулето на една позната охридска плажа во друштво на непознат маж, ја заскокоткаа јавноста, дали можеби шминката, фризурата и „говорот на телото“ во секси костим за капење не биле со причина?

Впрочем, сите романси започнуваат со првото заедничко испиено кафе, а по него… Или ќе експлодираат хормоните и адреналинот или се’ ќе се сведе само на… кофеинот!?

Фото: Инстаграм принтскрин/Еспресо – Приватна архива

To top