Радио Милева фолкерката во естраден поход

Елена Велевска го истури сексапилот, па го смени курсот: Збогум Паинер, здраво Гранд?

Елена Велевска го истури сексапилот, па го смени курсот: Збогум Паинер, здраво Гранд?

Македонската фолк пејачка Елена Велевска за велигденските празници беше многу активна. Особено медиумски… Сними ТВ шоу, а беше гостин и во соседството. И кога сите очекуваа дека нејзината  интернационална кариера ќе се обиде да ја гради преку бугарската „Паинер продукција“ и нејзината ТВ „Планета“, каде минатата година Елена гостуваше, сними дует со една машка бугарска пејачка ѕвезда, настапи на нивното новогодишно шоу… Елена, преку ноќ, го смени курсот! Па наместо Бугарија, правец Србија!

Имено таа деновиве се појави на едно од телевизиските изданија на „Гранд ТВ“, гостувајќи во емисијата „Гранд коктел“!

Згодна и привлечна, дотерана во токму во бисерен коктел фустан Елена го истури сиот свој сексапил пред камерите на српскиот и не само српскиот ТВ аудиториум.

Дали тоа значи дека македонската фолк ѕвезда дефинитивно го смени курсот, па правецот југ-исток, го замени со нов: југ-север, па реши Бугарија да ја замени со Србија, кога е „трасирањето на патот кон успехот“ надвор од Македонија во прашање?

„Елено ќерко, дали ти се стори, дека „success story“  многу побргу се прави од Белград отколку од Софија?

Како и да е, Елена Велевска тргна во велигденски поход… За естрадно  освојување на регионот.

To top