Фолк пејачката Елена Велевска има навистина густа и набиена агенда на настапи, ТВ гостувања, снимања… Згодната прилепчанка и покрај бројните обврски наоѓа време за активност на социјалните мрежи, на кои постојано постира нови нфотографии… Од оние од настапите и снимањата, до обични селфи фотки.
Овој пат Велевска реши да ги почести фановите со нова, профи фотосесија, која ја изработил уметничкиот фотограф Томе Табанов. На неговите фотографии Елена одново го истурила сиот свој сексапил, па во неколку провокативни пози ги потенцирала своите најсилни адути – бујните атрибути.
Хотелската соба како инспирација за еротска фасцинација од сексапилната фолкерка која доволно разголена за да ја разбуди љубопитноста и заскокотка сетилата, но и доволно облечена за впечатопкот сепак да остане уметнички.
Кратка црна бундичка под која носи само долна облека од која срамежливо ѕиркаат бујните облини на пејачката… Долгите разголени нозе и заводливиот поглед што мами се само дополнување на единственото визуелно уживање.
Кога ќе ги погледнете овие фотографии, долго нема да го тргнете погледот од нив. Јасно се гледа и зошто… Како што и на Елена и е јасно дека денес музиката не се доживува само со уши, туку и со очи… ако сакаш да си прва во се’!