Радио Милева тигрица

Елена Стефановска живее и позира со стил: Водителката во комбинација со животински принт ги собра сите погледи – „Маче, гориш“ (фото)

Елена Стефановска живее и позира со стил: Водителката во комбинација со животински принт ги собра сите погледи – „Маче, гориш“ (фото)

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска освен на ТВ екраните, активна и е на социјалните мрежи.

Имено, таа редовно објавува најави за нејзината емисија, фотографии рекламирајќи одредени брендови, козметички производи, модни парчиња, а тука се објавите од нејзините патувања.

Стефановска обожава да патува, па секогаш кога има прилика и кога обврските и дозволуваат оди на разни дестинации, ако не надвор од Македонија, тогаш ужива во убавините на нашата држава.

Меѓутоа, се почести се објавите на кои водителката позира во разни модни парчиња, а притоа рекламирјаќи некоја модна линија.

Овој пат, Елена со цел да рекламира едно парче облека позираше во животински принт.

Водителката изгледот го дополни со црна чанта и чизми, со пуштена коса и  додека позира одејќи по улица изгледа како тигрица.

„Во леопардско издание, преубава“, „Маче грмиш“, „Прекрасна тигрица“ се само некои од коментарите кои може да се прочитаат, додека пак други оставија емотикони со огин.

Како ви се допаѓа Стефановска во вакво издание?

фото: инстаграм/елена стефановска/elena_zivotsostil

To top