Пред некој ден официјално започна и последниот месец во годината, а до крајот на оваа и почетокот на новата преостануваат помалку од 30 дена.
Украсите во главната метропола веќе ја најавуваат новогодишната еуфорија, а и започнаа разни реклами и предлози за тоа каде да бидете на 31 декември.
Владее новогодишна атмосфера и во канцелариите на вработените, во супермаркетите каде уште во ноември започнаа да се продаваат новогодишни украсни, владее и предновогодишен амбиент и во домовите на познатите.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/makedonskata-folkerka-za-nova-godina-kje-bide-na-visoko-elko-elko-porasni-ushte-dve-tri-pedi-za-da-moze-sani-na-vrvot-da-sedi-foto/
Тие веќе започнаа да ги китат новогодишните елки, да го украсуваат домот со разни украси меѓу кои сијалички, новогодишни дрва и разни декорации кои потсетуваат на Нова година.
Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска исто така се радува на престојните празници и новогодишното лудило. Таа во кратките приказни на „Инстаграм“, водителката објави кратко видео на кој се гледа детаљ од нејзиниот украсен дом.
Дали Стефановска си замисли желба за следната година не знаеме, но оваа година сигурно ќе ја памети по убави и луксузни патувања, успеси на професионално поле, но и по тоа што ја обелодени својата љубовна врска со Бојан Најдовски.
Која е следната македонска јавна личност која ќе го покаже својот домашен амбиент во новогодишно руво, останува да видиме.