Македонскиот моден гуру ја добива првата тужба и тоа од никој друг, туку од колешка по два основа: ем и таа е ТВ водителка, ем полето на интерес им е исто – мода и убавина!
Имено, Сергеј „ќе ми пукне душата“ Варошлија, по се изгледа „ќе пукне“ пред законот, што би значело заедно со матичната „1ТВ“ и финансиски. Имено, познат како „пис на јазик“ кога е модата во прашање,Сергеј се’ почесто ги критикува и некои од познатите личности. Евидентно е дека на „мета за одстрел“ особено му се оние кои не си ја „имаат калимерата“ со него, неговите претпоставени, неговиот газда, телевизијата… или пак ја имаат „спукано“!
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/Screenshot_18-6.jpg)
До душа, не дека не ги разбира работите или не е во право кога е модата во парашње… Напротив! Но, она што му забележуваат, му се лутат, а сега и го тужат е рeчникот, вокабуларот, изборот на зборови со кои им се обраќа, ги критикува, а тие велат и ги навредува, оние кои ги коментира… Водителката на емисијата „Живот со стил“, русокосата кумановка Елена Стефановска беше во неколку наврати „торпедирана“ со коментарите на Варошлија.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/Screenshot_10-5.jpg)
„…Изгледа многу лошо и ова не е инфлуенсер, ова не е блогер и мислам дека ако треба да си блогер и инфлуенсер, тогаш оди на расадници и сади шаргарепи, копај, со тоа штиклите прави колци за патлиџани….“ – колку за пример, беше еден од коментарите на модниот гуру, нарекувајќи ја водителка на „живот без стил“.
Еднаш, двапати, трипати… и на Елена и „пукна филмот“. Првото што веројатно стручни лица ја поучиле да стори е да се обрати со Преставка до државниот орган кој ги регулира правата и односите во РТВ етерот – „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на ( се’ уште) Република Македонија“. А преставката – еден вид жалба за нарушување на личниот углед, загрозување на интегритетот и како личност и како професионалец во професијата.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/Screenshot_19-7.jpg)
Набргу, стига одговорот од Агенцијата, кој нејзината Преставка ја прифаќа како основана, па во истиот меѓу другото се вели:
„Надзорот покажа дека се основани наводите од Претставката според кои, во овие изданија на емисијата се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и можни навреди…“!
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/Screenshot_14-5.jpg)
На Елена од Агенцијата и ја посочуваат и можноста за обраќање до Советот на честа при „Здружението на новинари на РМ“, како и до „Советот за етика во медиумите во Македонија“, но таа очигледно лично длабоко засегната, директно премина на трета инстанца, за неа веројатно онаа, најважната – судот! По преставката – тужба!
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/Screenshot_8.jpg)
„Правдата е бавна, но секогаш стигнува. Институциите ја препознаа неправдата, сега на ред е судот! За божјиот, секој си одговара“ – напишала водителката најавувајќи ги своите намери и следни чекори во „битката за правда“ во „војната со 1ТВ империјата“, на која очигледно е решена да и зададе сериозен удар.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/Screenshot_20-5.jpg)
Особено на нивниот „моден гуру“ Сергеј Варошлија, кому му е фрлена ракавицата, а нејзиниот „меч на правдата“ подготвен за двобој. Па, да видиме кому „ќе му пукне душата“… ама и џебот?