Радио Милева

Елена Ристеска сподели фотографија во венчаница, па веднаш доби коментар: „Еленче, ти повторно ќе бидеш среќна невеста“

Елена Ристеска сподели фотографија во венчаница, па веднаш доби коментар: „Еленче, ти повторно ќе бидеш среќна невеста“

Неодамна естрадниот магазин „Бекстејџ“ ја обелодени љубовната врска меѓу Елена Ристеска и нејзиното момче.

Имено, станува збор за Филип Арсовски кој е сопственик на еден ланџ бар во Скопје, а пејачката за „женски магазин“ ја потвдри врската со Филип.

фото: инстаграм

Набргу по нејзината потврда, таа намерно или случајно кога се вклучи во живо на социјалните мрежи за доделување на награди, го покажа своето момче и на шега го нарече свој асистент.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tolku-od-krienjeto-na-novata-ljubov-elena-risteska-i-momcheto-vo-domashen-ambient-a-taa-go-narche-svoj-asistent-foto/

Ристеска во последно време е активна на социјалните мрежи и тоа со теории за љубовта и животот, па често знае да сподели разни цитати  и мисли.

Така неодамна Еленче на својот „Инстаграм“ напиша: „Животот е краток, поминувајте го со луѓе кои ве смеат и ве прават да се чувствувате сакано“.

фото: Инстаграм

Набргу по оваа појава, Ристеска повторно објави нова мисла:

„Некој со кој ќе можете од театарски премиери до кафани, од елегантни обувки до боси нозе, од нежни бакнежи до изгребаници на кожата, од појадок во кревет до вечера на море, од патувања до крајот на светот до 2 квадрати во лифт“ напиша Елена.

фото: Инстаграм

Меѓутоа, деновиве освен што споделуваше мудри мисли, македонската пејачка исто така бараше по архива и наиде на фотографии од нејзината  музичка кариера.

Имено, таа на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од снимањето на нејзиниот спот „Доживотно“ каде што носи венчаница, а во описот напиша:

„Доживотно“ и додаде дека се вратила назад низ времето.

фото: Инстаграм/еленаристеска

Под оваа објава на Ристеска се нижеа коментари за нејзиниот албум истакнувајќи дека тој е еден од најдобрите, а еден од корисниците напиша:

„Еленче, ти пак ќе бидеш среќна невеста, ќе видиш“ напиша еден корисник.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, поминаа речиси повеќе од четири години од разводот на Ристеска, а дали македонското девојче повторно ќе блесне во венчаница, и дали тоа ќе биде приватно или пак за некој нов видео запис, ќе покаже времето.

To top