Радио Милева доживотно благодарна

Елена Ристеска слави полнолетство на професионален план: „Вредеше поради вас обожаватели мои“

Елена Ристеска слави полнолетство на професионален план: „Вредеше поради вас обожаватели мои“

Елена Ристеска е една од најпознатите пејачки на македонската естрадна сцена. Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови. Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.

Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови, а во 1996 година започнува да пее во училишниот хор.

Елена официјално и стана позната на македонската публика со победата на музичкото талент шоу – „Плеј – Потрага по ѕвезди“.

Oтогаш започнува нејзиниот музички пат и кариера во Македонија. Таа го снимаше својот деби сингл „Она другото“ , а потоа го снима и својот прв албум насловен како „Ден и ноќ“.

Ристеска со песната „Нинанајна“ ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“  и го освои 12-тото место.

По пропаднатиот брак и разводот кој очигледно болно го доживеа, пред пет години, пејачката го издаде албумот „Без шминка“ на кои се наоѓаат и песните „Без шминка“, “Доживотно“, „Вети“, „На крај на свет“ и други.

фото: принтскрин.инстаграм/еленаристеска

Во меѓувреме, Елена својата музичка кариера ја стави во втор план, па однеодамна започна нов бизнис, односно лансираше парфем, а очигледно дека оваа нејзина втора професија, засега добро и оди од рака.

фото: принтскрин.инстаграм/еленаристеска

Но, Елена пеењето не го заборави, па пејачката вчера (22.12.2020) славеше 18 години кариера, а со неколку ретро и колаж фотографии се потсети на своите почетоци и успеси, а исто така им се заблагодари и на своите фанови, соработници, но и на нејзината најголема поддршка – семејството.

-Од 22.12.2002год. поминаа точно 18 години откако победив на аудицијата на М2 продукција. 18 години музичка кариера, полни со љубов, аплаузи, почит, коментари, победи , порази, музика,музика,музика.. а од скоро и козметика. Вредеше поради вас обожаватели мои. И секако сите мои соработници и поддржувачи. Благодарам на @ivojanko и @darkodimitrov што веруваа во мене и ми го покажаа вистинскиот пат до успесите. Најголемо благодарам на моето семејство за безусловната љубов и неизмерната поддршка.
ВЕ САКАМ“, напиша пејачката.

Постот за краток период доби повеќе од 2000 лајкови, а под истиот се нижеа коментари и од нејзините колеги и колешки.

To top