Македонската пејачка Елена Ристеска својата музичка кариера ја стави во втор план и сега потполно е посветена на својот нов бизнис.
Имено, пејачката лансираше своја козметичка линија „ERA Cosmetics“ односно парфеми, а од неодамна и гелови за туширање.
View this post on Instagram
Ристеска на социјалните мрежи често се фали со своите успеси од својот нов професионален живот, а како што истакна неодамна во едно интервју, најмногу е изнанедена што луѓето кои веќе купиле парфеми, повторно нарачуваат за нивни пријатели, роднини, колеги.
Овој пат, Ристеска славеше годишнина од започнувањето на бизнисот, а на Инстаграм напиша:
“После долгогодишно истражување и безброј состаноци,триста комбинации и прашања:
Kако? Што? На кој начин? Со која фабрика, кој технолог? Под кој редослед? Со кој производ? И уште многу други прашања… на денешен ден, 9ти мај 2019та(пред две години) ја отворив фирмата ЕРА козметика. Да ме прашавте пред 18 години дали ќе успеам да го реализирам сето ова, ќе ви речев низ голем страв од непознато: нема шанси. Но, ете ЕРА козметика успеа од идеја да создаде бренд, од замисла -реализација, од нацрти и скици -готови производи. Благодарна сум до сите кои помогнаа во остварување на овој сон, а најмногу до Господ што го овозможи“, напиша пејачката.
Под објавата се нижеа честитки и желби да постигнува уште многу успеси.