Нашата македонска музичка ѕвезда, Елена Ристеска деновиве летува на Миконос, грчкиот остров во кој се заљуби.
Ужива со пријатели и се полни со нова позитивна енергија за творење нова музика, текстови, искуства…
Сепак, таа најде време да одговори на прашањата од порталот Независен.мк и ретроспективно се наврати на своето музичко минато, но проговори и за она што го работи и се случува сега.
Меѓу другото, проговори и за смртта на татко си, Тоше Проески, но и шокантната вест за смртта на Влатко Илиевски со кој таа комуницираше преку пораки неколку часа пред тој да почине.
Во пораките разговараа за соработка, односно дует и нова песна која за жал нема да успее.
Од колегите изгубивме прерано премногу од нив, со оглед на тоа што сме малобројни на сцената. Ама ова со Влатче беше ужасно шокантно. Последните негови контакти со нас создаваат дополнителна болка поради неговата загуба. Ова треба да нè научи сите да се цениме додека сме живи. Откако ќе се преселиме на друг свет, веќе е предоцна за сè. Влатче беше обожавано дете, од сите, и затоа после многу несоодветни коментари, едно треба да знаеме, ние како колеги секогаш си помагаме, дуети, соработки, подарување песни итн., но најголемата помош за сите нас се очекува од публиката, да се слуша македонска музика, да се посетуваат концертите, да се купуваат албумите. Ако сами не си го цениме своето, никој нема никогаш да нè цени, вели Елена за Независен.мк