Радио Милева ненадоместлива загуба

Елена Ристеска остана без еден од најблиските пријатели, а нејзината козметичка линија без човекот кој ја создаде: „Почивај во мир Владо“, без тебе ништо нема да биде исто“!

Елена Ристеска остана без еден од најблиските пријатели, а нејзината козметичка линија без човекот кој ја создаде: „Почивај во мир Владо“, без тебе ништо нема да биде исто“!

Познатата македонска поп пејачка и последниве години горда претприемачка која ги донесе сопствениот парфем и козметичката линија на пазарот, облеана во солзи и длабоката тага. Елена Ристеска по најголемата загуба  во животот, нејзиниот татко  без кого остана пред неколку години, сега се соочи со уште една, за неа исто така многу тешка и болна загуба.

Имено, таа сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи каде пејачката со трогателна посвета се прости од нејзиниот близок пријател и незамнелив соработник во бизнисот со парфеми и козметика.

„Се’ уште сум во неверување дека го нема меѓу нас нашиот пријател, технолог и соработник, пред се’ добар човек кој помогнал на секого, најголем стручњак во Македонија, нарекуван „нос“ поради генијалноста за создавање парфеми и човекот без кого Ера козметика немаше ниту да се основа, ниту да успее..“, пишува Ристеска и додава:

„По неговите рецептури за козметичките производи се направени сите производи на Ера. Почивај во мир Владо, без тебе веќе нипто не е и нема да биде исто“ – беа зборовите со кој Елена Ристеска јавно се прости од својот близок и драг пријател и незаменлив соработник.

Фото: Јутјуб/Backstage media/Инстаграм/elenaristeska_era

To top