Елена Ристеска вчеравечер имаше посебен гостин кого го однесе на вечера во нејзиниот омилен елитен скопски ресторан кој се наоѓа во нејзиното маало.
Станува збор за српскиот пејач Бојан Маровиќ кој дојде во Скопје, па со својата долгогодишна пријателка реши да направи средба на која ќе си помуабетат, ќе евоцираат спомени или можеби ќе направат договор и план за некој музички новитет.
Елена го овековечи моментот со една фотографија и ја објави на социјалните мрежи, а фановите веднаш почнаа да поставуваат прашања дали можеби се спрема дует.
Двајцата оставија само прашалници за „тајната вечера“, а што ќе произлезе од истата, останува да видиме.
Исто така она што повеќето забележаа е дека Бојан Маровиќ е доста променет од она каков што го паметиме.