Македонската поп пејачка Елена Петреска ужива во летото и неговите убавини и благодети заедно со семејството… На Халкидики, очигледно и нејзе и е најблизу и најубаво. Малку море и плажа, малку базен, малку одморче во дворче со музика…
Кога на радио свири добра музика, многу лесно може да налеташ на омилената песна…
А кога песната ќе те погоди, многу лесно се ослободуваш од стегите, па си ја отвораш душичката, подготвена на се’… што те прави среќна, се разбира. Без оглед каде се наоѓаш, како си облечена, во каква пригода или опкружување си… почнуваат да важат „нови правила“. Твоите правила!
А згодната прилепчанка на која ионака пеењето и е професија, понесена од звуците на еден од светските хитови на „Дуа Липа“, насловен „Нови правила“, ги демонстрираше своите правила… на живот!
Откако ја вклучи камерата на мобилниот, соблечена во едноделен костим за капење, згодната и сексапилна пејачка си запеа и почна да танцаува во ритамот на музиката од радиохитот.
Можеби Елена Петреска ја погоди песната , ама нејзиниот „бикини танц“ полн со еротски движења ги погоди нејзините фанови и следбеници на социјалните мрежи.
Бројните прегледи најдобро говорат за „влажните погледи“ и љубопитноста на обожавателите.