Македонската пејачка Елена Петреска во 2012 година заплива во брачните води со нејзиниот избраник Андреј Толевски.
Поминаа 8 години откако Елена му кажа „да“ на својот сакан и започнаа заеднички живот. Свадбата на тогашниот пар се случи во еден скопски ресторан каде и го склучија и граѓанскиот брак.
Од бракот тие ги имаат децата Михаил и Софија, а Петреска ужива во секој момент во со своето семејство.
Деновиве, таа пак имаше убава причина за славење и радување. Имено, Елена и Андреј славеа годишнина од брак. Токму по тој повод, Петреска јавно искажа емоции кон својот сакан.
На својот „Инстаграм“ таа сподели заедничка фотографија, а во описот напиша:
„Јас видов дека си совршен и те засакав. Потоа, видов дека не си совршен и те засакав уште повеќе. Среќна годишнина љубов“.
Под објавата се нижеа грст честитки на адреса на Петреска посакувајќи им нивната љубов да трае вечно.
Инаку, Елена се повлече од естрадата и Петреска работи во Македонската опера и балет