Елена Николовска е млада, успешна девојка, која ја одбрала „уметноста на разубавувањето“ за свој занает, за животна определба. Патем, шармантната сопственичка на „социјалната фризерница“ не е само добра фризерка, туку и раскошна убавица, која покрај фризерските вештини, знаење и умеење, важи за најсексапилната скопска фризерка.
Атрактивна, згодна, телесно надарена со пон која ситна естетска корекција, Елена покрај фризерските ремек дела, не ретко знае да сподели и по некоја фотографија од приватноста.
И тоа не било каква, туку провокативна, која знае да ја заскокотка машката фантазија, да ја поттикне волшебната игра на сетилата, па листата на додворувачи на девојката чиј брачен статус се’ уште е „соло“ рапидно да порасне.
Можеби мажите во живо немаат толкава храброст, ама на социјалните мрежи газдарицата на „социјалниот салон“ за разубавување, по секоја провокативна фото-објава или скокотлив пост, ја чека ново изненадување… Или цела дузина?!
Елена веројатно е навикната да се справува со „машката понуда“, но она што го добила како „непристојни предлози“ пред Нова Година, изгледа и неа и ја „прелеа чашата“, па на „непристојната понуда“ убавицата реши брутално да одговори… И да возврати со со ултиматум!
Имено, Елена малку пред тоа објавила неколку „жешки фотографии“ со скокотливи пораки…
Лично и персонално чувство, желба или страст сеедно, кои некои од нејзините следбеници на Инстаграм ги сфатиле како „повик за исполнување еротски желби“, па на атрактивната фризерка почнале да и испраќаат „непристојни предлози и валкани понуди“ во вид на текстуални, а веројатно и фото пораки.
Изнервирана од тоа што е погрешно разбрана, а и од начинот на кој е третирана, Елена јавно им возвратила на „љубопитните пастуви“ кои радо би сакале да бидат на местото на оние од нејзините фотографии. Или можеби да најдат свое место во „жешките пораки“ на „вистинската жена“?
Само што желбата за сраст е едно, а начинот на кој таа се остварува е нешто сосема друго… Вака – НЕ сигурно, што и самата фризерка им го плесна, онака жестоко в лице со својот статус:
Какви беа реакциите на „безобразните додворувачи“ само Елена знае, но после ова две нешта се сигурни: Ако нивните „непристојни предлози“ стигнеа таму каде што таа ги предупреди, празниците сигурно нема(ше) да им бидат пријатни!
А од друга страна сексапилната газдарица на „Social Hair Salon“ си има своја политика и практика, како во бизнисот така и во приватниот живот. Нејзино лично право.
А „недокваканите“ понудувачи на „непристојни предлози“ белким по ова ќе ја научат лекцијата дека: Во старт на девојка/жена не и се нуди, особено не јавно, ОНА, по што, ако си вистински фраер, таа на крај самата ќе посака да посегне! Во спротивно, ем може „да те изеде срам“, ем може „дебело да го јадеш“ од онаа до тебе, шо веќе „ти ја знае понудата“, ама се’ уште не знае кај се’ ја нудиш?!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Nikolovska Elena/elenabahamas