Македонско-српската „Гранд“ брачна двојка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ уживаат во улогата на родители, во која за прв пат неодамна се остварија, кога „штркот“ на свет им го донесе нивното синче, Максим.
Со секоја нова објава на социјалните мрежи станува јасно дека сега светот се врти околу малиот наследник, кој е главна преокупација на двајцата млади пејачи, особено на Елена, која речиси целото време му го посветува на својот син, додека Гуте е тој што мора да обезбедува егзистенција за семејството, настапувајќи на ноќните свирки по кафулињата, клубовите, дискотеките, по некоја свадба или друг вид забава… Иако сето тоа со огромна доза на страв заради корона епидемијата која беснее насекаде низ светот, а особено изразена е и на Балканот.
Сепак, секој слободен миг младото семејство го користи за да го мине заедно, а на задоволството и среќета во тие моменти им нема крај. Впрочем, има ли нешто поубаво код тоа кога љубовта ќе ја крунисаш со брак, а заедничкиот живот збогатиш со потомство кое го исполнува секој дел од тебе и твојата душа? Не случајно рекле: „Цело е кога имаш се’“!
Токму затоа среќните родители, особено мама Елена на секоја нова фотографија со малиот Максим се гледа дека „се топи од среќа“, а секој нов, за неа важен датум посебно го одбележува, како оној на пример, кога нејзиното синче ги наполни првите 40 дена.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-milenkovska-za-prvpat-go-pokaza-licenceto-na-sinot-maksim-foto/
Но, бременоста со себе освен среќа носи и некои други нешта, што природно и логично одат во пакет со неа, па после породувањето некому му остануваат и стануваат товар кој мора да се симне… Како вишокот килограми, на пример. Така, среќната мајка Елена Миленковска, покрај мајчинските обврски и љубовта кон синчето која ја „топи од среќа“, наоѓа време и за „топење на вишокот наслаги“, оставштина од бременоста со Максим.
И додека тато Гуте го чува синот менувајќи ја мама Елена кога треба да му смени пелена, пејачката ја прави една од најдобрите работи кои секоја жена по породувањето може да ги направи за своето здравје, како што самата вели, а тоа е физичката активност!
Патики и спортски хеланки на себе и правец Кошутњак… Или некој од поблиските паркови во маалото, па тренинг, трчање и фитнес за топење на салото. Килограмите лесно се ставаат, а тешко се губат, но упорноста и истрајноста е она што ја краси Елена, па затоа навиката физички да биде активна е составен дел од нејзиниот живот. Впрочем, пејачката добро знае што значи да имаш зацртана цел!
Ако можеше од Скопје да стигне до Белград и ѕвездите на „Гранд продукција“, зошто да не може да го симне вишокот килограми и набие кондиција?! Елена покажа дека за многу нешта има „слух“, па и за старата добро позната: „Во здраво тело, здрав дух“!