Македонската „Гранд ѕвезда“, пејачката Елена Миленковска и нејзината посилна половина, сопруг и колега Гуте Маринковиќ ги бројат деновите до моментот кога ќе станат родители по втор пат.
„Наскоро ќе пристигне приновата, која со нетрпение ја очекуваме. Не би застанале на второто дете, нашата цел е три (се смее). Тоа ни е најважно, семејството е на прво место. Секако дека има и музика, но сакаме да му посветиме максимална енергија и љубов на семејството“ – откри неодамна пејачот.
Многумина му се воодушевуваат за неговата посветеност и за тоа колку внимание и љубов посветува на својот син, а тој објаснува дека една од причините е неговата примарна професија – воспитувач. Иако одамна не работи во градинка, имал желба еден ден да отвори и своја. Сепак, сега неговото мислење почна да се менува.
„Тоа ми беше намерата кога првпат дојдов во Белград, одев од градинка во градинка, го оставив моето CV во желба што побрзо да почнам со работа и да стекнам искуство за да можам за 20 години да имам своја градинка. Но, сфатив дека ако отворам градинка, ќе имам повеќе работа со инспекции, бирократи, документи и дозволи… отколку со деца, па полека се откажав од таа идеја.
Инаку, пред само неколку дена Елена влезе во деветтиот месец од бременоста, а секој ден може да биде денот кога мама и тато ќе го запознаат своето девојче. Тие го открија полот на бебето уште пред неколку месеци на Инстаграм, но во тајност го држеа името што го избраа. Долго време нивните обожаватели шпекулираа како би можела да се вика малечката принцеза, а деновиве музичко-брачната двојка ѕвезди на „Гранд“ решија јавно да го споделат и името пред раѓањето на бебето.
„На фотографијатаа се гледа колку мама и тато едвај чекаат да дојде нивната Миона. А изразот на лицето на Максим јасно покажува дека нема да му биде лесно да дели играчки со својата сестричка. Дали ви се допаѓа името?“ – праша пејачката објавувајќи ја семејната фотографија.
View this post on Instagram
Гуте инаку е многу горд на својата сопруга и планира да присуствува на раѓањето на нивното второ дете.
„Сакам да присуствувам на породувањето! Отпрвин не можев поради ситуацијата со Ковид, а сега можам и тоа ми е најголема желба, можеби и најголема. Подготвен сум на се’ и мислам дека нема да се онесвестам. Тоа треба да се гледа со најубавите можни очи, тоа е чинот на раѓање, феноменот на доаѓањето на животот во светот што секој човек треба да го види и доживее“ – објасни неодамна пејачот.
Дали ќе биде така – ќе видиме. Сепак, најважно е се’ да мине во најдобар ред при породувањето, а малечката убавица Миона, чие доаѓање на овој свет едвај го очекуваат, да биде жива и здрава! Зашто штркот, само што не слетал по втор пат во нивното семејно гнездо!
Фото: Инстаграм принтскрин/gute.marinkovic/